Орце Ѓорѓиевски го исполнува дадениот збор: Драчево добива нови модерни улици!

Македонија

По три децении заборавени од сите, жителите на улицата „Румена Хаџипанзова“ во Драчево конечно добиваат нов, модерен асфалт. Овој значаен инфраструктурен проект, кој го предводи градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, опфаќа површина од 6.500 квадратни метри и вкупна должина од 1.500 метри.

Со динамично темпо, градежните активности се во завршна фаза, при што дел од улицата се реконструира, а на друг дел се гради сосема нова сообраќајница. Овој проект не само што ќе го подобри секојдневното функционирање на жителите, туку и значително ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Ова е уште еден чекор кон исполнување на мојата стратегија за асфалтирање на сите улици во Кисела Вода. Нашите граѓани заслужуваат квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека вложувањата во инфраструктурата продолжуваат со несмалено темпо.

 

Со оваа инвестиција, Драчево добива нов, урбан лик, а општина Кисела Вода уште еднаш покажува дека ветените проекти не остануваат само на хартија – туку стануваат реалност.