Коњановски: Посилна соработка со Турција во културата, спортот и стопанството

Македонија

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во Истанбул оствари средба со Идрис Фазлиоски, генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Република Македонија во Турција.

На средбата беше истакната важноста на конзулатот во зајакнувањето на билатералните односи, а во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на соработката во културата, спортот и стопанството.

„Соработката со Турција е заснована на реалните потреби на граѓаните и има тенденција на поголемо вмрежување меѓу граѓаните, компаниите и институциите,“ нагласи Коњановски, истакнувајќи ги можностите што ги нуди турската економија, особено во секторите на текстилната, прехранбената и металната индустрија, како и во туризмот.

 

Битола, како град со силни културни и економски врски со Турција, ќе продолжи да работи на унапредување на меѓусебната соработка во интерес на граѓаните и развојот на локалната економија.