
Ѓорѓиевски: Вечна слава за претседателот Борис Трајковски
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со почит се присети на претседателот Борис Трајковски, оддавајќи му почит на годишнината од неговата трагична загуба.

„Борис Трајковски беше татко на нацијата кој силно веруваше во Македонија. Тој беше човек од народот, без предрасуди, вистински чувар на државните интереси,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека на денешен ден пред 21 година, македонскиот народ ја прими страшната вест за исчезнувањето на авионот со кој патувал претседателот Трајковски и осумчлената делегација кон Мостар.
„Денес, со почит се поклонуваме пред неговото вечно почивалиште. Вечна му слава!“ порача Ѓорѓиевски.