Ѓорѓиевски: Децата се нашата иднина

СКОПЈЕ

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со својот најмлад помошник, направи вечерна обиколка на реализираните и започнатите проекти низ општината.

Во пријателска атмосфера, разговараше на повеќе теми, одговараше на бројни прашања и заедно се фотографираа пред местото каде што наскоро ќе биде изградена првата детска градинка во овој дел на градот – значаен проект за најмладите жители.

„Моментите поминати со нашите деца се најскапоценото нешто на светот. Тие се иднината – да ја направиме среќна!“ порача Ѓорѓиевски.

 

Со ваквите иницијативи, општина Кисела Вода чекори кон подобро утре, посветена на создавање подобри услови за граѓаните.