
Димитриеска-Кочоска: Завршени консултациите со ММФ за економските перспективи на земјата
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше за завршниот состанок со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамките на редовните консултации според член IV за 2024 година.

Во изминатите десет дена, претставниците на ММФ одржаа состаноци со повеќе институции, анализирајќи ја макроекономската состојба, фискалната политика за 2025 година и среднорочните перспективи, како и клучните фискални структурни реформи.

„Оваа редовна годишна мисија овозможува детален преглед на состојбата во земјата, а извештајот кој ќе произлезе од консултациите е од особено значење за нашите финансиски перспективи“, истакна Димитриеска-Кочоска.
Министерството за финансии останува посветено на стабилна и одржлива фискална политика, со цел создавање на подобри економски услови и развојни можности за земјата.