Кисела Вода финансиски посилна од било кога: Инвестираме, не позајмуваме!Кисела Вода финансиски посилна од било кога: Инвестираме, не позајмуваме!

Македонија

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави историски економски резултати, истакнувајќи дека 2024 година е година со највисоки капитални инвестиции и најголеми остварени приходи во историјата на општината.

За прв пат, финансиските средства на општинската сметка се значително повисоки од долговите, а Кисела Вода не позајмува – туку инвестира! Реализираните приходи во консолидираниот буџет за 2024 година се за 38% повисоки во однос на 2020 година, што изнесува 287.541.464 денари повеќе. Дополнително, општината сега ги враќа кредитите кои претходната власт ги користела во минатото.

Со рекордна реализација на капитални проекти во износ од 155.898.143 денари, без вклучени проекти што ќе завршат во 2025 година, Ѓорѓиевски нагласува дека Кисела Вода е на пат кон стабилност и раст. Некои од клучните проекти во тек вклучуваат:

 

📚 Изградба на Основно училиште „Климент Охридски“

👶 Доградба на детска градинка „8-ми Март“

🎓 Доградба на Основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“

⚠️ Реконструкција на ул. „Ѓорѓи Димитров“

🛣️ Изградба на пат кон манастир „Пеленица“

🧱 Изградба на потпорни ѕидови и уредување на речното корито „Мала Рада“

„Ги срушивме старите лоши навики на непланирани трошења и создадовме модел на развој кој гарантира стабилност и просперитет. Нашиот народ заслужува општина која не само што не позајмува, туку и создава нови можности за подобар живот“, истакна Ѓорѓиевски.

Со рекордни капитални инвестиции, скратени непродуктивни расходи и зголемени приходи, буџетот за 2025 година ќе донесе уште повеќе проекти, субвенции и финансиска стабилност за жителите на Кисела Вода.