
Министерството за животна средина ги демантира лажните наводи на СДСМ и ДУИ: Нема скандал, станува збор за редовен инспекциски надзор
Министерството за животна средина и просторно планирање најостро ги демантира шпекулациите и невистините што во последните денови ги пласираат политичките партии СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството. Во интерес на точна информираност на јавноста, Министерството ги појаснува следните клучни факти:
• Нема незаконитости – Забелешките од Управниот инспекторат се однесуваат исклучиво на технички аспекти на канцелариското и архивското работење. Нема констатирана злоупотреба на службена положба или друг вид на незаконско постапување.
• Станува збор за редовен инспекциски надзор – Постапката не е иницирана по пријава, туку е дел од редовната програма на Управниот инспекторат.
• Пракса воспоставена од претходните влади – Начинот на архивско работење во Министерството е воведен во 2017 година и непроменето се применува од сите министри што раководеле со институцијата, вклучително и тие од СДСМ и ДУИ.
• Целосна транспарентност – Министерството ги повикува медиумите да извршат увид во целата релевантна документација, потврдувајќи дека нема нерегуларности.
МЖСПП останува посветено на законито, транспарентно и професионално работење во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.