Меџити: Од март започнува реализацијата на инфраструктурните проекти како никогаш досега

Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, за време на партискиот настан на Демократското движење при основањето на огранокот во Желино, истакна ја важноста на децентрализацијата и инвестициите за развој на општините, особено онаму каде што живеат албанци.

 

„Денес се соочуваме со ситуација каде што градоначалниците, вклучително и оние од ДУИ, немаат идеи и проекти во однос на буџетот што им го обезбедува Владата. Со години, нашите општини беа претворени само во институции за исплата на плати, без реални можности за исполнување на барањата на граѓаните за подобра инфраструктура, хигиена и јавни услуги“, изјави Меџити.

Тој нагласи дека од обезбедените 450 милиони евра за инвестиции, 30% ќе бидат насочени кон општините каде што живеат Албанци, без разлика кој ги води.

„Граѓаните се важни, а не градоначалниците. Градоначалниците доаѓаат и си одат, но граѓаните остануваат и живеат таму“, истакна Меџити, најавувајќи дека од март ќе започне реализација на инфраструктурни проекти на невидено ниво.