
БРАКО: Грижа за вработените со нова современа менза
Компанијата БРАКО продолжува да инвестира во благосостојбата на своите вработени со отворањето на нова, модерно опремена работничка менза.
Со тоа, вработените добиваат можност за топол оброк во чиста и пријатна средина, што придонесува за подобро искористување на дневната пауза и зголемување на задоволството на работното место.

Грижата за квалитетната исхрана е доверена на реномираниот велешки ресторан „Боем“, познат по својата традиција и врвен кулинарски квалитет.

Во исто време, БРАКО изразува благодарност до компанијата „Фуд Палас“, која во изминатите години се грижеше за исхраната на вработените, со надеж за идна соработка.

Со ваквите иницијативи, БРАКО уште еднаш докажува дека вложувањето во своите луѓе е приоритет, создавајќи подобри работни услови и мотивирачка средина за своите вработени.