Меџити: Владата инвестира дополнителни 250 милиони евра за општините, најголемиот во историјата!

Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, најави историски најголем инвестициски проект за развојот на општините во земјата, истакнувајќи дека овој проект ќе се реализира без политички разлики и во интерес на граѓаните и подобрувањето на квалитетот на нивниот живот.

 

Според Меџити, инвестициите вклучуваат изградба на училишта, градинки, спортски сали, патишта, патна и подземна инфраструктура, библиотеки и базени.

“Овој процес ќе ги опфати сите населени места во Македонија, од Радуша, Зајас, Ликово, Сарај, Харачина, до центарот на Тетово, Гостивар, Чаир, Струга и Кичево. Со отворањето на новиот повик од 250 милиони евра за конкретни инвестиции, само за 10 дена се поднесени 160 апликации од општините”, извести Меџити.

Заменик-претседателот Меџити повика сите општини да продолжат да аплицираат до последниот рок, 30 април 2025 година, за да ги искористат овие значајни можности за развој на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните.