
Меџити: 9 милиони денари за нова водоводна и канализациона мрежа во Серава
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, го означи почетокот на голем инфраструктурен проект во општината. Во рамки на програмата за инвестиции, започна реконструкцијата на водоводната и канализациона мрежа на улицата Неџат Аголи во Серава, проект вреден над 9 милиони денари.
Со оваа инвестиција, над 50 домаќинства ќе добијат нови приклучоци, а по завршувањето на работите, улицата ќе биде целосно асфалтирана. Проектот е дел од пошироката иницијатива на Министерството за животна средина, кое оваа година во Чаир вложува вкупно 2.8 милиони евра.

„Како Влада инвестираме во сите општини за да го подобриме животниот стандард на граѓаните. Во 2025 година Чаир ќе добие дополнителни 9 милиони евра за нови проекти,“ изјави Меџити.

Работите на проектот треба да завршат во следните два месеци, а локалните жители беа повикани на трпение додека се спроведуваат овие значајни инфраструктурни подобрувања