Тони Коњановски доби признание за посветеноста кон хуманоста и солидарноста

Македонија

Во свечена атмосфера, по повод одбележувањето на 80-годишнината од формирањето на Црвениот крст во Македонија, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, доби заслужено јубилејно признание за континуираната поддршка и посветеноста кон хуманитарните активности и ранливите категории граѓани.

 

На настанот, одржан во Офицерскиот дом во Битола под мотото „80 години, Ние гледаме луѓе“, беше потенцирано дека Општина Битола, под раководство на Коњановски, активно соработува со Црвениот крст, реализирајќи бројни проекти за згрижување на бездомни лица, поддршка на лица со попреченост, како и создавање подобри услови за повозрасните граѓани.

„Осум децении хуманост се сведоштво за огромна посветеност и љубов кон луѓето. За Општина Битола, ова не е само обврска, туку чест и одговорност да продолжиме да ги поддржуваме најранливите категории, градејќи заедница заснована на солидарност и грижа“, истакна Коњановски во своето обраќање.

Општина Битола и Црвениот крст остануваат партнери во мисијата за подобрување на социјалната заштита, а ова признание е уште еден доказ за искрената заложба на локалната самоуправа за хуманите вредности.