Димитриеска Кочоска: Наскоро исплата на првата транша од унгарскиот заем

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, оствари средба со бизнис заедницата во рамки на серијата разговори посветени на актуелните економски предизвици.

 

На состанокот во Стопанската комора на Македонија, една од клучните теми беше процесот на исплата на средствата од унгарскиот заем.

Според информациите споделени од компаниите, постои значителен интерес за искористување на овие средства за реализација на нивните инвестициски планови.

Министерката истакна дека наскоро ќе биде исплатена првата транша за веќе одобрените проекти, нагласувајќи дека отворениот дијалог со стопанството е од суштинско значење за успешно надминување на предизвиците и подобрување на економската клима.