
ТУРЦИЈА: МАКЕДОНСКИ СОСТАНОК НА НОВОИЗБРАНИОТ УПРАВЕН ОДБОР
18 февруари 2025 година, Измир, Турција – Викендов се одржа заеднички состанок на новоизбраните членови на управниот одбор на Македонското здружение во Измир и управниот одбор на Македонското здружение од Борнова.

Поздравно обраќање пред присутните Македонци одржа генералниот претседател на Здружението, Кадри Алтинкалп. На состанокот беа присутни новоизбраните членовите на управниот одбор на Македонското здружение во Измир и претседателот Али Шенѓул и членовите на управниот одбор на Македонското здружение во Борнова.

Членовите на Македонското здружение од Измир изразија благодарност на гостопримството и изразија поддршка на идните активности и соработка.