
Ганиу: Инфраструктурна модернизација во Чаир – започнува реконструкција на улици и изградба на паркинг во Топанско Поле
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, одржа средба со жителите на Топанско Поле, каде што ги претстави проектите за подобрување на локалната инфраструктура, кои ќе се реализираат во текот на оваа година.
„Со обезбедена техничка документација и градежни дозволи, наскоро започнуваме со реконструкција на главните улици и тротоари, што значително ќе го подобри квалитетот на живот во овој дел од Чаир,“ истакна Ганиу.

Проектите што ќе се реализираат вклучуваат реконструкција на шест улици со вкупна должина од над 1.800 метри, како и изградба на голем паркинг со површина од 2.150 м². Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 39.675.860 денари (645.136 евра) и е дел од владината програма „250 милиони евра за општините“.

„Модернизацијата на инфраструктурата останува наш главен приоритет. Продолжуваме со проекти кои го унапредуваат Чаир и носат конкретни придобивки за граѓаните,“ порача градоначалникот Ганиу.