
Ѓорѓиевски: По 30 години, патот за Пеленица конечно станува реалност!
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека реконструкцијата на патната делница Драчево – Пеленица се одвива со одлична динамика, носејќи значителни придобивки за жителите на Драчево, Кисела Вода и Студеничани.
„Оваа фреквентна сообраќајница од 3.370 метри и ширина од 6 метри конечно добива нов лик. За првпат се гради и тротоар од едната страна, што претставува огромен чекор напред во безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните. Дополнително, ќе се постават цевки со ф1000 за атмосферските води и каналетки за нивно одведување,“ истакна Ѓорѓиевски.

Овој инфраструктурен проект е доказ дека Кисела Вода доживува вистински бум, а за тоа, како што нагласи градоначалникот, особено е значајна поддршката од Владата и премиерот Христијан Мицкоски.

„Ги споделуваме истите вредности и се обединуваме околу проектите што се во интерес на народот. Ова е само почеток – најдоброто допрва доаѓа,“ порача Ѓорѓиевски, најавувајќи уште многу капитални инвестиции за развојот на општината.