
Ристовски: Гевгелија доби нова атлетска патека – инвестиција во спортот и идните генерации
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска официјално ја пушти во употреба новата атлетска патека во Гевгелија, значаен проект кој ќе овозможи подобри услови за спортистите, рекреативците и љубителите на спортот.
„Оваа инвестиција вредна 7.750.000 денари е уште еден чекор напред во унапредувањето на спортската инфраструктура во Македонија. Гевгелија сега има современа патека која ќе ги поттикне младите атлетичари, ќе создаде можности за подобри тренинзи и ќе ја промовира спортската култура во општината,“ истакна Ристовски.

Со изградбата на оваа патека, локалните и националните спортисти добиваат соодветни услови за тренинг и натпреварување, а граѓаните – простор за здрав и активен живот. Министерството за спорт продолжува со капитални инвестиции за создавање современа спортска инфраструктура низ целата држава.

„Македонскиот спорт заслужува поддршка, а нашите спортисти и граѓани – најдобри услови за успех,“ додаде министерот, најавувајќи нови проекти во оваа област.