
Коњановски: Младите мора да бидат вклучени во креирањето на локалните политики
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека општините од Пелагонискиот регион се целосно посветени на унапредување на младинските политики и нивно активно вклучување во процесите на одлучување.
„Младите мора да имаат реална можност да бидат дел од креирањето на локалните политики, а решенијата што ќе се имплементираат треба вистински да ги отсликуваат нивните потреби“, изјави Коњановски на 3-тата средба на Регионалната платформа за млади, која се одржа во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите“.

Во присуство на амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, градоначалници, претставници на граѓанскиот сектор и млади од девет општини, беа усвоени конкретни мерки за подобрување на младинските состојби, како создавање регионално онлајн советувалиште за ментално здравје, регионална награда за младински иновации и симулација на управување со отпад во училиштата.

Коњановски потенцира дека ваквите иницијативи се клучни за подобрување на условите за младите и нивната поголема вклученост во заедницата.