Во ексклузивното интервју за неделникот „Фокус“, Ѓорѓиевски ја претстави својата стратегија за модерно, уредено и европско Скопје, истакнувајќи дека неговата амбиција не е тајна, туку резултат на континуирана работа и реализирани проекти.
„Веќе повеќе од година и пол работам на концептот за подобар град. Досега, во општината Кисела Вода, реализиравме речиси 100% од изборната програма, што е доказ дека знаеме како да испорачаме резултати“, изјави Ѓорѓиевски.
Во својата програма, тој најави конкретни решенија за проблемите на Скопје, меѓу кои се:
✅ Генералка – темелно расчистување и уредување на јавните простори
✅ Лесно метро – современо и ефикасно урбано решение за транспорт
✅ Гасна централа – подобро енергетско снабдување за градот
✅ Комунална полиција – повисоки стандарди за јавниот ред и дисциплина
Според Ѓорѓиевски, во наредниот период ќе следуваат анкети, како што најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, од кои ќе се утврди кој ќе биде кандидатот за градоначалник на Скопје.
„Граѓаните ја препознаваат работата и поддршката што ја добивам секојдневно ми дава дополнителен мотив. Верувам дека Скопје може да биде модерна метропола на 21-от век, горд град со кој сите ќе се пофалиме“, порача Ѓорѓиевски.
Скопје се подготвува за нови предизвици, а Ѓорѓиевски останува еден од имињата кои најгласно ја истакнуваат својата визија за неговата иднина.