Зошто македонските адвокати молчат? Српските адвокати на штрајк против пристрасноста во судството!

Македонија

Додека адвокатите во Србија прогласија 30-дневен прекин на работата барајќи смена на водечките луѓе во обвинителствата и судството поради пристрасност, во Македонија ваков потег останува незамислив.

Српската Адвокатска комора достави официјално барање за промени во правосудниот систем и разрешување на сите членови на судските и јавно-обвинителските републички совети, аргументирајќи дека мора да се врати законитоста во постапките. Овој чекор, кој силно одекна во регионот, ја отвора дилемата: зошто македонските адвокати не преземаат слична иницијатива, иако правосудството во земјава постојано е мета на критики за политички влијанија и неправилности?

Адвокатите во Србија испратија порака дека нема да дозволат компромис со правдата. Но, дали македонската адвокатска заедница ќе остане нем набљудувач, или конечно ќе заземе активна улога во борбата за праведен правосуден систем?

Како што коментира адвокатот Владимир Туфегџиќ: „Едно е сигурно, ова кај нас нема да се случи никогаш.“ Но, дали навистина треба да биде така?