
Победници на детскиот ликовен конкурс „Како ја замислувам најголемата приватна пошта ЕЛС“
Најголемата приватна пошта Еко логистик сервис (ЕЛС) ги објави победниците на детскиот ликовен конкурс со тема „Како ја замислувам најголемата приватна пошта ЕЛС“. Благодарение на гласовите добиени на социјалните мрежи, најмногу симпатии освои цртежот на 10-годишната Бисера Филипоска од Скопје, која ја освои првата награда – детски душек.
Останатите учесници, како што информираат од ЕЛС, исто така ќе добијат подароци согласно бројот на добиени гласови. Второто место го освои 5-годишната АнаМарија Постолова, а третото место му припадна на 9-годишниот Стефан Мицковски. Четвртото место на детскиот ликовен конкурс го освои Марко Мојсов, ученик во второ одделение ученик во ОУ Никола Карев, петтото место му припадна на Давид Црначки, а шестото на Филипе Георг Вучков од Скопје.
На конкурсот пристигнаа околу 40 цртежи преку кои младите ја отсликаа нивната креативност за тоа како ја замислуваат најголемата приватна пошта. Комбиња, пакети, авиони и подароци беа само дел од она што го цртаа најмладите.
Сите учесници денеска, а и во текот на наредните денови, ќе добијат пакетчиња поради нивната креативност и учество на конкурсот.






