
Сумирани резултатите од работата на новиот директор на МЕПСО за оваа година
Под раководство на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, компанијата оствари значаен финансиски пресврт, преминувајќи од негативен резултат од -2 милиони евра во вториот квартал на позитивен резултат од 3 милиони евра во третиот квартал од годината.
Латифи истакнува дека овој успех е резултат на стратешки мерки, вклучувајќи зголемување на преносот на електрична енергија, зголемени приходи од меѓугранични капацитети и намалување на непродуктивните трошоци. „Нашиот фокус е развојот на преносната мрежа и подобрување на услугите за граѓаните,“ изјави Латифи.
*Големи проекти за 2025 година*
МЕПСО најавува серија
инвестиции, вклучувајќи:
• Модернизација на управните згради и трансформаторските станици.
• Изградба на трансформаторска станица 400/110 kV во Охрид.
• Реконструкција на далекуводите и зајакнување на енергетските коридори во клучните региони.
• Реализација на нов диспечерски центар и зајакнување на сајбер безбедноста со поддршка од ЕБОР и УСАИД.
*Зелена транзиција и регионална интеграција*
Латифи го нагласи ангажманот на МЕПСО за одржлива енергетска иднина преку дигитализација, развој на интерконекции и интеграција на регионалниот енергетски пазар, вклучувајќи ги врските со Албанија, Косово и Грција.
Директорот Бурим Латифи гарантира дека АД МЕПСО, со поддршка од Владата на РСМ и меѓународните партнери, ќе продолжи да игра клучна улога во обезбедувањето и модернизацијата на енергетскиот систем на земјата.