Сиљановска-Давкова: Заедно да изградиме подобра иднина

Македонија

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во своето новогодишно обраќање испрати порака на надеж, единство и стремеж кон правдата, моралот и достоинствениот живот за сите граѓани.

„Денес е денот кога оставаме зад нас сè што било и ја земаме со себе надежта за поубава година,“ порача Сиљановска-Давкова, истакнувајќи ја важноста од заедничка борба за право, правда и еколошка одговорност.

Таа ги повика граѓаните да го чуваат заедничкиот дом, да создадат општество каде секој има шанса за подобар живот, а младите се инспирирани за иднината. Претседателката посвети внимание на потребата од еколошка правда, потенцирајќи дека односот со природата треба да биде предуслов за стабилна и извесна иднина.

„Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радост и остварени соништа. Да живееме во мир, спокој и хармонија со оние што ги сакаме,“ заврши Сиљановска-Давкова, испраќајќи искрени желби за среќна Нова година.

Видео: https://www.facebook.com/share/v/14eYGAJnpW/?mibextid=wwXIfr