
Претседателката целосно разоружана во кабинетот на ден пред нова година (ФОТО)
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во својот кабинет во вилата Водно пред Нова година прими дечиња на кои им подари новогодишни пакетчиња.
Таа по приемот на дечињата вели дека должност на Македонија да се создадат услови овие дечиња да останат во својата земја.

,,🎁👫 Целосно ме разоружаа искрените детски прегратки, што со љубов ми го окупираа срцето додека им ги врачував новогодишните пакетчиња.
Од нивните насмеани очиња и зацрвенети обравчиња им се читаше возбуда и љубопитност да ѕирнат во празничното пакетче, кое секое од нив го доби непосредно пред новогодишната ноќ.
Детскиот и мелодичен џагор ни го разубави и развесели Кабинетот, каде што вредно работат нивните родители.

Нема поголема среќа од тоа да ја споделам празничната магија со нив, да ги видам нивните насмевки и радост додека уживаа во прекрасната новогодишна претстава.
Должност ни е да им обезбедиме организирана, праведна и просперитетна татковина, од која нема да се нестрпливи да заминат”, објави претседателката.