„Македонски Концепт“ ја поздрави одлуката на Стејт Департментот за разоткривање на корупцијата

Македонија

Македонски Концепт ја поздравува одлуката на американскиот Стејт Департмент
Американскиот Стејт Департмент објави сериозни обвиненија за значителна корупција против поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети. Овие обвинувања ја разоткриваат длабоката злоупотреба на службената положба и институциите за лични интереси, со прифаќање мито за манипулација на судски процеси, што е недозволиво во правна држава.

Македонски Концепт ја поздравува одлуката на Соединетите Американски Држави да ја адресираат корупцијата на високо ниво и ја поддржуваме нивната решителност во борбата против овој глобален предизвик. Веруваме дека ваквите чекори се силен сигнал за сите кои ја злоупотребуваат власта и поттик за нашата земја да го засили сопствениот одговор кон корупцијата.

Истовремено, бараме итно постапување на надлежните институции за расветлување на обвинувањата, одземање на мандатите и процесирање на случаите во согласност со законите. Македонија мора да покаже решителност и државност во справувањето со оваа сериозна криза. Борбата против корупцијата е основа за изградба на праведно општество и доверба во институциите. Без одлагање, потребни се конкретни мерки и силна политичка волја за враќање на владеењето на правото и правдата.

Се вели во соопштението испратено до јавноста од Македонски Концепт