БОГОЈЕСКИ: ИЛИНДЕН треба да го славиме заедно со Македонците од Бугарија

Македонија

Одговарајќи на прашање на водителот Иван Мирчевски на подкастот „На кавга со Иван“ на Канал 5 Телевизија, во врска со дадена изјава пред повеќе години за честување на Илинден заедно со Македонците од Бугарија, Петар Богојески, лидер на партијата Македонски Концепт ја потврди заложбата и смета дека тоа е апсолутно праведно.

„Како може да не сакаме да славиме Илинден со внуците на Војводите, кои денес живеат во Бугарија? Преку три милиони граѓани на Бугарија се етнички Македонци. Јас не можам да ги отфрлам милиони Македонци кои живеат во Бугарија. Тие се дел од нашиот македонски народ.

Јас се обидував по секоја цена и по лична штета, свесен бев дека си наштетувам на себе, само да го спречам бугарското вето. Бугарите требаше да ја прифатат нашата идеја за граѓански Устав, а да не бараат Бугари во Устав на Македонија. Тоа ќе беше подостоинствено за нив и сите нивни доктринални определби. Јас сум по тоа прашање конзистентен и сум против било какви влегување на Бугари во Устав.“ – изјави Богојески.

Целата емисија можете да ја следите на јутуб каналот на Канал 5 Телевизија.

https://youtu.be/0Qg9L-FtRR4?si=1DKgCdVJ7KIU31Xi