Димовски: Македонија е атрактивна дестинација за странски инвестиции – интервју за Nikkei Asia

Македонија

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, денес оствари интервју со Такако Гакуто, автор во престижниот медиум Nikkei Asia, еден од водечките азиски економски и бизнис-извори со глобално влијание. Интервјуто, кое ќе биде објавено во специјалното новогодишно издание на медиумот, го става фокусот на потенцијалите на Македонија како атрактивна дестинација за странските инвеститори.

Во разговорот, Димовски ги презентираше стратешките достигнувања и плановите на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), потенцирајќи ја нивната улога во поттикнувањето на економскиот раст, отворањето на нови работни места и унапредувањето на деловното опкружување во земјата.

„Со новиот концепт, ТИРЗ е целосно посветен на привлекување на квалитетни странски инвестиции и промоција на Македонија како деловна дестинација. Инвестициите во зоните веќе покажуваат значајно влијание врз локалната економија, но целта ни е овие успеси да продолжат и да се надградат,“ изјави Димовски.

Nikkei Asia, познат како издавач на најголемиот економски весник во светот и сопственик на Financial Times, е значаен медиум кој обезбедува објективно и детално информирање на глобално ниво. Интервјуто на Димовски претставува можност за дополнителна промоција на Македонија пред светската деловна заедница.

Новогодишното издание на Nikkei Asia, каде ќе биде објавено интервјуто, ќе понуди уникатен поглед на глобалните економски трендови, поставувајќи ја Македонија како дел од позитивните примери за економски раст и инвестициски потенцијал