Африм Гаши: „Северна Македонија останува силен партнер во НАТО“

Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, во рамките на својата посета на седиштето на НАТО во Брисел, одржа значајна средба со г. Нина Шољан, раководител на Одделот за политички прашања и безбедносна политика во НАТО.

„Северна Македонија продолжува со своите заложби како активен и посветен член на Алијансата. Во текот на средбата разговаравме за напредокот на нашата држава во рамките на НАТО, како и за зајакнување на регионалната стабилност преку засилена соработка,“ истакна Гаши.

Тој ја потенцираше важноста на координираното делување во областа на безбедноста и одбраната, нагласувајќи ја континуираната поддршка на Северна Македонија за политиките и приоритетите на НАТО.

Посетата на Гаши ја истакна улогата на Северна Македонија како доверлив партнер во меѓународните безбедносни структури и придонесе кон зацврстување на односите со Алијансата.