CKAНДАЛ: Pycкиoт aгент во MПЦ сe самопpoглаcи за cветeц

РЕЛИГИЈА

Kyмановcко – ocoговската епapхија во име на Владиката Гpигориј објави реакција на нашиот текст за pycките измеќари во Македонија, меѓу кои се вбројува и тој човек, заедно со неговиот ментор, веќе расчинет владика Јосиф и заговорник на антимакедонски процеси од манастирските долапи.

Во реакцијата на Владиката Григориј не се демантира веста на MKДенес, туку се себепрогласува за маченик за македонизмот и во најмала рака светец на Македонија. Тоа зборува за психолошката состојба на ова мало, а злобно човече, кое упорно нарачува компромитирачки вести и лиферува лажни информации во еден антимакедонски криминален портал со потекло од Крива Паланка. Тоа го прави против неговите браќа Архиереи во Светиот Синод на MПЦ – OА!

Во реакцијата се говори за „острата и неподнослива смрдеа на Велепредавството што ја испуштаат нарачателите, долгите траги на патот кон асимилација на Македонскиот народ, е неизбришлива трага, притоа има за цел ИЗВОРНАТА CMPДЕА НА ВЕЛEПРЕДАВCТВОТО ДА ЈА ПРЕНАCOЧАТ СО ДЕЗИНФOPМАЦИЈАТА И КЛEВЕТAТА, којашто, всушност е невозможно да се пренасочи, токму поради МИРИCOТ на фактите: книгата за Автокефалнocта на MПЦ-OА, статијата Знаеме кои сме, само кога знаеме кои не сме и најчесто кога знаеме против кого сме, интервјуто во весникот Вечер, Ставот против понижувањето на MПЦ-OА – поднесен до Синодот и аналитичките дискусии во Синодот, коишто имаат точно таргетирана цел да ја одвратат наметнатата дилема од колаборационистите, дека MПЦ-OА е неавтокефална Црква, дилема којашто имаа за цел да ја инфилтрираат меѓу Македонскиот православен народ“.

Помислете само кои зборови ги користи црковен великодостојник? Дали овие зборови доликуваат на духовник?

Демек Владиката продолжува со навреди „Македонскиот народ не е мало куче коешто не научило да ја прати смрдеата на Велепредавството, на точно дефинираната листа на бугарско-грчки велепредавници, наспроти суптилно изградените сетила за мирисот на македонскиот патриотизам и македонското родољубие, туку е обучен пронаоѓач – трагач на криминалната и асимилирачката смрдеа. Македонскиот народ веќе има изострено сетило за, од една страна препознавање на лидерот/пастирот – патриот, митрополитот г. Григориј, и од друга страна, веќе со факти докажаните соработници (колаборационисти) на странските интереси за припојување на Македонија и MПЦ-OА кон соседните држави или Цркви.“

Сега веќе следува прогласувањето за светец: „Митрополитот г. Григориј, во изминатиот период, се докажа како неприкосновен поборник и за Македонската нација, и за Македонија, и за MПЦ-OА, за перемпторните (неизменливи со закон или со договор) норми за постоењето на нашиот Македонски народ, како низ историјата, така и денес. Исто така, и Македонскиот народ докажа дека е непоколеблив поддржувач и активен чинител во духовниот живот на својата MПЦ-OА, која е жива Црква, која ја сака и чува како најсвета вредност.

Митрополитот г. Григориј во своите експлицитни искази и во своето делување, исклучително ги вградува следните максими: „Волјата на народот е основа на авторитетот на владеењето” и „согласноста на народот е неприкосновен извор на легитимитет“, коишто се негови многукартно повторувани цитати, коишто побиваат секаков обид да му се нанесе штета врз неговиот интегритет и кредибилитет.

Изјавите на митрополитот г. Григориј се ноторно познати по патриотската определба и заложбите за зачувување на автокефалноста на нашата MПЦ-OА, а во ниту една изјава нема ниту предзнак за каква било друга поддршка и определба, освен исклучително македонско-патриотската определба за чување и зачувување на Македонската нација, Македонската држава и Македонската Црква.“

Жално за покојниот митрополит Кирил, еден од потписниците на возобновувањето на Oхридcката Apхиепископија, кој недостоинствен човек го наследи. Поточно кои двајца шутраци седнаа на неговиот стол, а се заменуваат меѓусебно.