HУKЛEAPКА: Еве кој го спроведува планот на Пyтин, замешан и Влaдика на MПЦ

Македонија, РЕЛИГИЈА, Свет

Подолго време се подготвува акција против државноста на Македонија, со која треба да се попречи патот на земјава кон ЕУ, а да станеме жртва на трговијата на територии која се подготвува во Белград и Москва, како решение за косовското и босанското прашање. Извршител во таа акција е Бугарија, како руска измеќарка, која стави вето за Македонија. Краен резултат е делови на независни држави како Косово и Босна да преминат во рамки на прво т.н. „српски свет“, а потоа и официјално во рамки на голема Србија. Основа за таа транформација на Балканот е идеологијата на Слободан Милошевиќ, матичните држави имаат право да се грижат за етничките заедници каде и да живеат. За тоа е задолжен српскиот министер за внатрешни работи Вулин и неговите измеќари од Македонија, со потекло од Куманово.

Така Србија како матична држава има право да се грижи за сите Срби во сите држави на Балканот, без да се почитува нивниот територијален интегритет, суверенитет и правен поредок. Како резултат на истото настанаа судирите во северно Косово пред само еден месец, судирите во Црна Гора пред два месеци, а сега се очекува почеток на големниот судар во Босна, кој како верига ќе помине низ Црна Гора, Санџак, Косово, а ќе експлодира во Скопје, каде ќе бидат искористени радикални исламистички групи, под контрола на турскиот сатрап Ердоган, кој е во дослух со Путин и Вучиќ.

Во таа акција се вклучени и македонски политичари, замешани во сценариото за државен удар од 27ми, а сеуште се на слобода. Тие политичари активно соработуваат со разознавачки единици на Путин и Ердоган, распределени по Балканот, но пред се во Македонија. Дел од тие структури се поранешни функционери од Агенција за разознавање и кабинет на претседател на Републиката, а сега активни протагонисти на руското подземје во Македонија и конектори со „добродушни“ доброволци од македонската администрација и МПЦ. Тие се дирекни извршители на таа руска акција во Македонија, а нивниот духовен лидер пред само еден ден беше на исповед кај Ердоган и неговите бегалци од македонските безбедносни структури, замешани во 27ми, а кои живеат и се згрижени во Истанбул.

Овој пат работата е фатена посериозно од обидот за државен удар од 27ми. Покрај традиционалните просрпски структури во македонските безбедносни служби, вклучени се и бугарашките измеќари под команда повторно на старите добри врски помеѓу југословенската служба УДБА и бугарашите од Македонија или бугари по професија.

На сликата со плаво е обележан шефот на МПО од Канада и финансиер на Иван Ванчо Михајлов, кој во 1945 година во Истанбул потпишал капитулација под Тито и прифатил да биде негов измеќар, во замена за „слободен“ живот до смрт. Како и всушност живееше во Рим. Со жолто е обележан шефот на УДБА задолжен за Ванчо Михајлов, кој го „координирал“ неговиот слободен живот. Тој ја испраќа „секретарката“ на Ванчо во Рим, Вида Боева како агент на УДБА да му биде на „испомош“ на Ванчо. Таа е денес главен координатор на „малтретираните Бугари во Македонија“, кои руските агенти во Бугарија ги користат како алиби за бугарското вето за Македонија и распаѓање на идејата за проширување на ЕУ на Балканот. Обележан со зелено е бугаринот по професија, вечен двоен агент на УДБА и КГБ, Владо Перев познат „новинар“ и колумнист во порталот Трибуна од Македонија, сопственост на Каракачанов, предлагачот на бугарското вето. Сите овие се јадрото на руската акција за вето за Македонија преку измеќарска Бугарија.

Удбојка (Видојка) Боева е кумашинка со Каракачанов и задолжена за регрутирање на „млатени бугари“ од Македонија, кои за ситни пари ќе сведочат дека не може да го поднесат македонскиот режим, со цел ЕУ да крене раце од интеграцијата на Македонија, а Бугарија да се спаси од жестокиот притисок, пред се од САД и Германија. Тие се координирани од „руското момче“ во македонската опозиција, пратеникот Антоњо Милошовски.

Малтретираните бугари, омилени за појавување по бугарски медиуми и со бугарски политичари, се всушност алиби за бугарското вето за Македонија. Откако Бугарија не успеа да објасни како тоа услов за Македонците да влезат во ЕУ е да станат Бугари, сега Бугарија ја менува лентата и зборува за „млатени бугари“ по професија од Македонија. На тој начин се грижи за човекови права и слободи, што за ЕУ е лесно разбирливо, а всушност тоа се измислени жртви од Македонија, кои живеат на државна плата од македонската држава.

Истите тие „малтретирани бугари“ се дел од македонското подземје, бандата која како измеќари на Сашо Мијалков беа дел од државниот удар на 27ми, а сега се бугари по професија. Каква задача и да им дадат, за моците не епроблем, битно е да има платичка. Тоа е спојот помеѓу Бугарија и 27ми, тоа е спојот помеѓу руското сценарио за Македонија и измеќарска Бугарија.

Покрај сериозната акција на Русија, со вклучување на Бугарија во неа, искористено е и силното влијание на Србија во МПЦ. Таму се компромитирани двајца свештеници, едниот поранешен, другиот актуелен Владика, секако од Куманово на Вулин, кои започнуваат со планот за раскол на МПЦ, со цел да се спречи признавањето на Светата Македонска Црква од Вселенската Патријаршија.

Новиот Владика Кумановско – осоговски, демек Јосиф беше задолжен за планот за уништување на МПЦ. Секако платено со српски динари и руски рубљи. Но дечкото се покажа дека нема „муда“ за таа работа, плус е обременет со големи „лични слабости“ по што исчезна од списокот на Владици на МПЦ. Тој е префрлен во манастир во Крива Паланка и од таму координира со бугарско – српската акција за уништување на Македонија. Дали во тие „лични игри на владиката“ учествувал еден вицепремиер на Заев, исто од Крива Паланка, останува да биде проверено.

Него „случајно“ го наследува рускиот Владика, пардон македонскиот Владика демек Григориј, кој се покажа како потврд орев од Јосиф и играта е во тек. Тој „нов Владика на МПЦ“ е на среде планот на Путин за уништување на МПЦ. Тој прави се возможно за спречување на планот за устоличување на Македонец на тронот на старата Света Столица на старата илјадагодишна Света Православна Охридска Архиепископија од страна на Црквата мајка Вселенска Патријаршија од Константинопол, со подршка од САД. Овој руски измеќар е расколникот во Светиот Синод на МПЦ – ОА и планот е да биде новиот Зоран Вранишковски, продадено измеќарче за пари.

Григориј е до тој степен болно путинче, антицрковен болшевички елемент, што си дозволи на неговото хиротонисување за владика да се облече во руска, а не во македонска одежда, а на главата тури руска митра, што ги запрепасти македонските чесни и честити Владици, присутни на настанот. Овој руски крт во МПЦ – ОА треба да биде спречен час поскоро, пред да биде касно и да ја уништат единствената шанса на МПЦ – ОА да добие меѓуцрковно признание и да се приклучи на Светата Православна Икумена.

МКДенес ќе продолжи будно да ги следи состојбите и редовно ќе Ве известува за руските обиди за рушење на Македонија и МПЦ – ОА во соработка со измеќарите од Бугарија и Србија.

-продолжува!