СКАНДАЛ: Заев исклучен од протоколот на Меркел

Балкан

Германската канцеларка Ангела Меркел доаѓа во проштална посета на Балканот. Таа се повлекува од политиката, но сака да остави трајна насока на европската интеграција на Западен Балкан.

После промоцијата на т.н. Отворен Балкан од страна на тројцата балкански политичари, Вучиќ, Рама и Заев како придружба, на своја рака, без согласност од ЕУ, Меркел доаѓа да ја пренесе клучната порака до двајцата од нив, бидејќи Заев е исклучен од протокол за дирекна средба. Пораката е Отворен Балкан може да биде само регионална форма на соработка исклучиво во рамки на т.н. Берлински процес за интеграција на балканските земји во ЕУ. Се надвор од тоа не е дозволено.

Од сега Европа, а особено Берлин ќе разговараат со двете носечки земји во тој процес Србија и Албанија, а останатите четири Македонија, Косово, Црна Гора и Босна само ќе ги следат чекорите. Македонија е целосно понижена и исклучена дури и од Отворен Балкан.

Заев е исклучен од протоколот за дирекни средби со Германската канцеларка Меркел, иако во минатото секогаш македонските премиери биле на дирекни средби со германските канцелари.

Заев е планиран на заедничка средба со претставници на Косово, Црна Гора и Босна, како измеќарки на големите Србија и Албанија. Македонија после 30 години лидер на Балканот, спуштена е на ниво на измеќарка на Србија и Албанија. Тоа е резултатот од надворешната политика на македонската Влада на Зоран Заев!