Специјални возила со камери ќе ги снимаат сите погрешно паркирани возила во Скопје

Дали Знаете, СКОПЈЕ

Главната цел на проектот „Сејф сити“ е да се обезбеди што поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, како и на пешаците. Бројот на паднати опомени покажува дека граѓаните реагираат позитивно, вели Сашо Топаловски, началник во СВР Скопје во интервју за порталот „Република“.

Тој најавува дека граѓаните со казната ќе добиваат и фотографија од прекршокот. Системот може да го слика и целото возило, може да го слика и горниот дел заедно со таблиците. Кога се поминува на црвено светло се снима задната таблица и ќе се гледа задната шофершајбна и моментот на поминување на црвено светло.

Топаловски потсетува дека жолтото светло не е за поминување, туку за возачот да се подготви да застане. Речиси сите сообраќајници во Скопје се направени со трепкач на зеленото светло, тоа трепка три пати пред да се вклучи жолто светло.

– Жолото светло и законски е наведено дека не е за да поминете туку за да застанете. Ако вие како возач го забележите жолото светло, немате да кажете зошто сте поминале, не сте безбедни самите вие. Жолтото светло е за да ве предупреди дека треба да застанете. Вие може да поминете на зелено и кога ќе поминувате на раскрсницата тоа да стане жолто и тогаш нема да ве регисрира системот. Камерата има прецизна зона каде треба да се најде вашата таблица, каде треба да навлезе вашето возило во раскрницата после пешачкиот премин за да ве сними заедно со црвеното светло. И тука има непобитен доказ, го гледате вашето возило со регистрацијата влезено во раскрсницата и горе го гледате црвеното светло. На жолто светло се кочи и се припрема за следното тргнување. Можеби и на другата страна некој истото го вика ако помине на жолто – објаснува Топаловски.