Божиновска: Поддршка за енергетски проекти во сите општини
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја започна националната серија работилници за градење на капацитетите на општинската администрација за подготовка и спроведување на програми за енергетска ефикасност.

Првите обуки се одржаа во Штип и Скопје, каде учесниците добија практични насоки за законските обврски, подготовка на програми, годишни планови и механизми за финансирање на проектите.
Обуките се дел од проектот „Поддршка на енергетските реформи во РСМ“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија, со цел секоја општина да има знаење и алатки за побрзо и поефикасно спроведување на енергетски проекти кои носат реални заштеди и модернизација на јавната инфраструктура.

Министерката Сања Божиновска истакна дека следуваат обуки за сите општини низ државата, со цел заеднички да се гради енергетски поодржлива Македонија.
