Бугарското знаме на концертот во Велес не е случајно, Цеца има бугарски корени – Стојанов со нова провокација
Претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, изјави дека пејачката Цеца Ражнатовиќ по потекло е Бугарка, па затоа, како што вели, не треба да биде чудно зошто го развеала бугарското знаме за време на својот концерт во Велес.
Денес, медиумите и социјалните мрежи се преполнија со реакции и, како што наведува Стојанов, „вештачки создадено негодување“ околу овој настан. Тој потсетува дека Светлана Ражнатовиќ, родена Величковиќ, потекнува од селото Житораѓа – место кое до 1877 година било дел од Бугарската егзархија, во рамките на Нишката епархија.
Во прилог го доставуваме целиот статус на претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, објавен на неговиот профил на Фејсбук:




