Скопјани повторно на гласање – втор круг во четири општини и во Град Скопје
Граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и Градот Скопје денеска повторно излегуваат на гласање, за да го изберат својот градоначалник во вториот круг од Локалните избори 2025.
Во првиот круг, шест скопски општини веќе ги добија своите градоначалници, од кои тројца ја продолжуваат функцијата со втор мандат – актуелните челници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.
Излезност и гласачки места
На првиот круг од изборите за градоначалник на Град Скопје гласале 232.581 граѓанин, што претставува 49,04% излезност од вкупниот број регистрирани избирачи.
Во вториот круг право на глас имаат 474.304 избирачи, запишани во Избирачкиот список на 685 избирачки места во рамки на Градот Скопје.




