Проданоски: Саат кулата во Прилеп блеска како симбол на градот

Македонија, Политика

Прилеп – Градскиот саат, еден од најзначајните симболи на Прилеп, повторно се издига во полн сјај во центарот на градот. По неколку години, кулата е целосно осветлена, потсетувајќи ги граѓаните на вековната традиција и духот на прилепчани.

„Саат-кулата ја чуваме со гордост како дел од нашето наследство, а истовремено градиме иднина достојна за Прилеп“, изјави градоначалникот Дејан Проданоски.

Денешната Саат кула е изградена од мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата екипа на местото на старата дрвена кула уништена во пожарот во 1854 година. Кулата е со шестаголна основа, висока 38,76 метри, а со столбовите и конусот достигнува вкупно 55 метри.

 

Со својата архитектонска убавина, стабилност и прецизност, Саат кулата не само што го одбележува времето, туку и го отсликува гордото историско наследство на Прилеп.

Видеото може да го погледнете тука